Бугарското МНР ја поздрави поканата до Македонија за НАТО

Од:

Ја поздравуваме одлуката од самитот на НАТО за почнување разговори со Република Македонија за приклучување кон Алијансата – решавачкиот чекор кон нејзината евроатлантска припадност, се посочува во соопштение на бугарското МНР, лиферувано од БТА.

„Ја поддржуваме одлучноста на Владата во Скопје да продолжи со примена на реформите и со зацврстување на добрососедските односи“, се наведува во соопштението.

Од наша страна, продолжува бугарското МНР, ќе продолжиме да ја даваме неопходната поддршка во духот на нашиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, што го потпишавме во 2017 година, и додава дека „постигнатиот напредок го гледаме и како успех на нашата активна политика за европска и евроатлантска иднина на целиот регион – успешно реализиран приоритет во рамките на штотуку завршеното бугарско претседателство со Советот на ЕУ“.

Поканата кон Република Македонија е јасна потврда дека политиката на „отворени врати” на Алијансата останува актуелна и придонесува за сигурноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Бугарија избира претседател

Катерина Ѓуровски

Убиен бугарскиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев: Тројца осомничени уапсени на автопат

Предраг Петровиќ

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија