Бугарското МНР го осуди сквернавењето на спомен плочата на загинатите бугарски туристи во несреќата на бродот „Илинден“

Од:

Министерството за надворешни работи на Бугарија длабоко жали за повторениот чин на сквернавење на спомен плочата на 15-те бугарски туристи кои загинаа во несреќата со бродот „Илинден“ во 2009 година во Охрид, објави прес-центарот на министерството.

Според ставот на бугарското Министерство, таков однос кон споменот на невините жртви од трагичниот инцидент е неприфатлив.

– Очекуваме властите во Република Северна Македонија да преземат брза акција за откривање на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата, како и враќање на спомен плочата во автентична форма, се вели во ставот од бугарското МНР.

Бугарската амбасада во Скопје, денеска веднаш испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во која се изразува ставот на Бугарија, информира дописникот на МИА од Софија.

Би можело да ве интересира

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Блесна новогодишната елка во Охридското Езеро

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Осуммина повредени во судир на бродови близу Истанбул

Горан Наумовски

Битолчанец се удавил во Охридското Езеро

Горан Наумовски

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он