(ВИДЕО) Осуммина повредени во судир на бродови близу Истанбул

Од:

Осум лица се повредени во судир меѓу патничкиот брод „Камил Сајин“ и бродот за сув товар „Артвин“, кој пловел под панамско знаме, додека минувал низ Босфорот, соопшти канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

„Синоќа околу 20:30 часот, патнички брод и брод за сув товар што пловел под панамско знаме се судрија покрај брегот на Саладчак, Ускудар. Осум патници од патничкиот брод се повредени како резултат на судирот. По несреќата, бродовите вклучени во несреќата беа повлечени од Босфорскиот теснец, а повредените граѓани беа однесени во блиските болници“, се вели во соопштението на канцеларијата на гувернерот на Истанбул, објави CNN Turk.

Покрената е истрага за инцидентот, се вели во соопштението.

Екипите на крајбрежната стража го одвлекоа товарниот брод до безбедна зона, каде што е закотвен за проценка на штетата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илјадници Турци протестираа во Истанбул поради затворање медиуми блиски до опозицијата

Судот ја поништи дипломата на Имамоглу, сериозен удар за неговите претседателски амбиции

Ататурк останува најпопуларен меѓу Турците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

А1он

Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

А1он

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски