Во текот на оваа недела имаше два настани со РСМ вкупно – фудбалскиот натпревар помеѓу Македонијa и Бугарија, не сакам да се разгорувам во оваа тема. Втората е условната казна на Ламбе Алабаковски, пироманот на центарот „Ванчо Михаилов“.
Ова го изјави Николај Милков, министер за надворешни работи, пишува БГНЕС.
Милков објасни дека овие два настани откриваат структурен проблем за правата на Бугарите во Северна Македонија. Казната на Алабаковски е најлесната можна“, посочи Милков и додаде дека според законот на Македонија за ова дело се изрекуваат од 6 месеци до 5 години. Треба да се очекува релативно посериозна казна, но ова е одлука на независниот суд на РСМ“, додаде министерот.
„И едното и другото дело, извршено во текот на неделата, претставуваат манифестација на омраза. Тие праќаат порака и до луѓето во Македонија и до нас, а тоа не е позитивно“, нагласи Милков. Тој рече дека треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што го користеле на натпреварот го користеле политичарите.
„Ова е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им сугерира на граѓаните во Македонија каде се наоѓа државата во однос на преговарачкиот процес на РСМ со ЕУ. Обидите за слободно толкување на францускиот предлог не го фаворизираат процесот. Има долг пат“, нагласи тој.
На прашањето на БГНЕС дали резултатот е 3 спрема 1 во корист на РСМ, како што коментира министерот за надворешни работи Бујар Османи, Милков одговори дека не би сакал да навлегува во речникот на фудбалски агитации. „Мислам дека ова не е фудбалски натпревар. Оваа реакција не ја сметам баш соодветна“, нагласи тој и додаде дека сепак сфаќа и се труди позитивно да гледа дека се работи за декларации наменети за внатрешна употреба.
„Никако не го менуваат тоа што е обврска на Македонија, како во однос на нашиот билатерален договор, така и во однос на спроведувањето на францускиот предлог“, категоричен е тој. Работите од правна и надворешна политика се јасни, внатрешната комуникација со неговите избирачи е негова работа“, заклучи министерот.