Бугарските обвинители во Скопје треба да ги преземат ДНК-примероците за идентификација на жртвите

Од:

Екипа од бугарското Државно јавно обвинителство денеска треба да пристигне во Скопје за подигање на изработените ДНК-профили од роднини на настраданите во автобуската несреќа, што потоа ќе се искористат за идентификување на починатите.

Ова вчера го најави бугарскиот заменик-главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов, посочувајќи дека по направената анализа и споредување ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера потврди дека македонските власти земале биолошки материјал од роднините на загинатите во Северна Македонија за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата.

Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева вчера информира дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, додавајќи дека еден од преживеаните патници и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум, а не седум лица.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција синоќа информира дека врска со бројот на патниците, издало усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листите на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Република Северна Македонија на 18 ноември 2021 година и листите на патници кои влегле во државава на 22 ноември 2021 година, информираа од Јавното обвинителство.

Несреќата се случи во вторникот, 23 ноември, на автопатот „Струма“, кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул удри во заштитната ограда од патот и се запали.

Во болницата „Пирогов“ во Софија се хоспитализирани седуммина повредени патници од автобуската несреќа, кои се во стабилна општа состојба и нема опасност по нивните животи.

Во средата беа оперирани двајца пациенти, а вчера уште еден. Повредените кои биле на интензивна нега од вчера се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.

Со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјализирана психолошка поддршка од болницата. Се уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат, информираа од софиската болница „Пирогов“.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021