Бугарските академици не попуштаат: Македонскиот јазик е „северномакедонски бугарски“

Од:

Едностраната декларација на Бугарија за македонскиот јазик покажа дека нашата земја ја чекаат неизвесни пристапни преговори исполнети со сопки и по евентуалното внесување на македонските Бугари во нашиот устав кое треба да се случи пред да продолжи меѓувладината конференција во Брисел.

Во едностраната декларација на Бугарија со која не се признава постоење на македонскиот јазик, туку официјален јазик на Република Северна Македонија според нејзиниот Устав и јазик за превод на законодавството на ЕУ, Софија го потврди својот став дека нашиот јазик е регионална писмена норма на бугарскиот, односно негова рекодифицирана норма.

„Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик. Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма“, стои во декларацијата од Софија.

Во декларацијата на бугарското МНР само е пренесен ставот за македонскиот јазик кој е потврден од лингвистите во Бугарската академија на науките со студија од 2020 година.

БАН смета дека постои македонски јазик и не го оспорува правото на луѓето во Македонија да имаат свој идентитет и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат.
„Бугарскиот спор е каква е природата на официјалниот јазик на Скопје.Ставот на бугарската држава е дека ова е повторно кодифицирана норма на бугарскиот јазик изведена во 1994-45 година во Вардарска македонија, од неа не можеме да отстапиме. Скопје тврди дека со почетокот на преговорите за членство во ЕУ, ЕУ практично го признава македонскиот јазик. Но, тука мора да кажеме дека јазиците не подлежат на меѓународно признавање“, истакна професорот Спас Ташев од Институтот за население во БАН за бугарски „Труд“.

Лингвистите од БАН сметаат дека дијалектните (или пошироко – регионалните) особености во скопската варијанта на македонската норма потоа се дополнително надредени за да се создаде измамен впечаток дека „кодификацијата“ е извршена на некаква дијалектна основа, односно да се прикаже процесот како природен, таков каков што е во појавата на литературните форми на другите јазици. Потенцираат дека употребата на државното име како јазик не е нужно знак за етничкиот идентитет на новите држави.

„Во Европа нема австриски, швајцарски и белгиски јазик, ниту кубански, чилеански, мексикански во Америка (списокот на такви случаи околу светот е огромен), но има австриски германски, швајцарски германски, белгиски француски (валонски), 39 кубански шпански и соодветно чилеански шпански и мексикански шпански, т.е. во лингвистиката варијантата е обележана со двојно именување.
Официјалниот јазик на Република Северна Македонија е југозападната писмено-регионална норма на бугарскиот јазик и затоа може да се означи како северномакедонски бугарски“.

Еден од авторите на студијата на БАН, професорот Пламен Павлов сака да ја праша претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен дали во Австрија се зборува австриски или германски јазик.

– Да се зборува за македонскиот јазик е апсолутно смешно, а сите слависти тоа многу добро го знаат. Ваквото наметнување на македонскиот јазик од германските претставници е смешно, затоа што тогаш можеме да прашаме, вклучително и Урсула фон дер Лајен, дали има австриски јазик, швајцарски. Ова е политичка злоупотреба, која режимот во Македонија ја прави уште од Тито, а оваа држава да влезе во ЕУ со оваа работа е смешно. Бугарија категорично кажа дека го признава официјалниот јазик во македонскиот устав, но тоа не значи дека не можеме да го признаеме овој измислен јазик – рече Павлов за „Труд“.

А во декларацијата на македонското МНР стои дека Македонија нема да се согласи да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик. „Македонскиот јазик беше признат на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња одржана во Атина во 1977 година. Македонскиот јазик се изучува на многу катедри за славистика, на факултети и универзитети низ Европа и светот. Неговата долгогодишна говорна и писмена традиција е неоспорен факт во лингвистичката наука. Литературата на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија“.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да почне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Ана Ололовска

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Ана Ололовска

Чествување на македонскиот јазик во УКИМ, доделени признанија за придонес за афирмација на македонистиката