Чествување на македонскиот јазик во УКИМ, доделени признанија за придонес за афирмација на македонистиката

Од:

Во моментите кога ни се случувале и ни се случуваат безумни напади врз нашиот јазик, негирања и порекнувања на вистината, ние имаме на што да се повикаме, како на меѓународната научна потврда и легигитимација на македонистичките научни ставови и заклучоци, порача ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, на денешното чествувањето на Денот на македонскиот јазик – 5 мај, одржано во ректоратот на УКИМ.

На 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ која се одржа во УКИМ на денот на македонскиот јазик, Јанкуловски се осврна на постигнатото од МСМЈЛК при УКИМ во остварувањето на неговата цел од основањето во 1967 година, до денеска кога е централно академско јадро на меѓународната афирмација на македонскиот јазик, литература и култура.

-Она што е објавено во зборниците од оваа конференција кои се дел од обемната издавачка продукција на семинарот е една од потврдите дека целта што е поставена во 1967 година веќе е надмината, посочи ректорот.

Додаде дека денешниот датум е особено значаен, бидејќи како што посочи тој се случил клучениот миг во кодификацијата на македонскиот јазик со кој се оствариле заложбите на Крсте Петков Мисирков од 1903 година.

-Коментирајќи ги нападите врз македонскиот јазик од некои политички и научни центри Конески во една прилика истакнал „Најдостојниот одговор го даваме тогаш кога знаеме да ги цениме како што треба и да ги штитиме придобивките на јазичното поле од 1945 година како суштествена компонента на нашиот национално културен развиток“, потсети Јанкуловски.

По повод јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ која ќе се одржи годинава, која претставуванаучен собир за јазик, национална литература и култура за посебен придонес за афирмација на македонистиката, УКИМ додели беа признанија на универзитетските професори директори на МСМЈЛК при УКИМ од основањето наваму на академиците Александар Спасов, Божидар Видоески проф. д-р Томе Саздов, проф. д-р Кирил Конески, проф. д-р Томислав Тодоровски, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Славица Велева и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, која со МСМЈЛК при УКИМ раководи од 2019 година.

Признание беше доделено и на лекторот кој се има посветено на развивањето на дејноста на МСМЈЛК при УКИМ, Роза Тасевска.

-Секој од нас треба да се праша кој придонел за создавањето на она што го викаме наш духовен простор, посочи еднаш Конески, а ние треба да се прашаме кои личности придонесоа во создавањето на условите и перспективите духовен простор на македонистиката да стане академскиот простор во целиот свет, затоа овој голем ден во оваа голема година како Универзитет должни сме да го чествуваме со вреднување на оствареното од дел од оние кои својата визија и посветеност ги вградија во досегашниот развој на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. со тоа остварувајќи посебен придонес за афирмацијата на македонистиката, порача Јанкуловски.

Од Ректоратот на УКИМ на Денот на македонскиот јазик, беше упатена порака дека развојот на странската македонистика е и ќе биде еден од неговите приоритети, заради што МСМЈЛК при УКИМ и понатаму ќе има целосна поддршка во афирмацијата на македонскиот јазик, литератра и култура на меѓународен план.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси