Амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, денеска беше во посета на Бигорскиот манастир.
-Во посета на Свештената бигорска обител на Чесниот Претеча денеска беше амбасадорот на Реублика Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов и аташето за култура Петар Петров, кои одблиску се запознаа со нашата милениумска Светиња, информираа од манастирот.
Додаваат дека во духот на манастирското гостопримство, амбасадорот и аташето биле пречекани од игуменот на манастирот, епископ г. Партениј, кој ги запознал гостите со евангелската мисија на бигорското братство.
-На средбата беше разговарано и за моментната состојба на билатералнте односи помеѓу двете држави, при што сите ја истакнаа неопходноста од поголемо братољубие, почит и доверба меѓу православните братски народи, согласно христијанската доктрина за љубовта, посочуваат од манастирот.
Високиот гостин, од своја страна му честиташе на Старецот за хиротонијата во епископ и му се заблагодари за топлиот пречек, посакувајќи му понатамошно благоуспевање во неговата пастирска дејност.
Ова познато македонско дрвено светилиште, кое минатото господово лето одбележе илјада години постоење, покрај илјдници верници и турсти често го посетуваат странски допломати во нашата земја. На 23 септември во посета беше и албанскиот претседател Илир Мета, кој имаше срдечна средба со г. Партениј.