Бугарски универзитет отвора филијала во Македонија

Од:

Бугарскиот универзитет од Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“ ќе отвори своја филијала во Северна Македонија, јави бугарското Национално радио.

Преговорите меѓу Универзитетот во Велико Трново и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе се воделе три години.

Според ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, веста во телефонски пред неколку дена ја соопштил премиерот Зоран Заев.

-Разговарав телефонски со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Северна Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново „Свети Кирил и Методиј“ на територијата на Република Северна Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Северна Македонија, да ги изградиме уништените мостови, објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.

Од следната академска година, по програмата на Универзитетото во Северна Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.

Би можело да ве интересира

Синдикатот на битолскиот универзитет го демантира Џафери: Документацијата ја доставивме навремено

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто