Бугарската Влада со предлог до Парламентот да го ратификува Договорот за донација на вакцини за Македонија

Од:

Бугарската Влада на денешниот седница одлучи да му предложи на Народното собрание да го ратификува трипартитниот Договор за донација меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и „Pfizer Inc.“ и „BioNTech Manufacturing GmbH“ за управување и координација на донацијата за вакцини против Ковид-19.

Треба да се потпише билатерален договор за донација помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Договорот предвидува Бугарија да донира 51.480 дози од вакцината „Комирнати“.

Бугарската Влада, исто така, одлучи да предложи договор за препродажба на вакцини против Ковид -19 на Кралството Норвешка, за вакцини на „ Moderna Switzerland GMBH“. Договорот предвидува препродажба на 100.000 дози „Spikevax“. Сите трошоци за испорака да ги сноси Норвешка.

Владата во Софија, исто така, одлучи да го одобри нацрт трипартитниот договор за донација на вакцини против Ковид -19 меѓу Бугарија, Бангладеш и „Астра Зенека“

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија