Бугарска принципиелна поддршка за евроинтеграции на Македонија

Од:

Бугарија е земјата која има најголем интерес Македонија да влезе во ЕУ, но доколку ги исполни критериумите, истакна вчера шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов.

На средбата со претставници на локалната самоуправа во Благоевград, тој изјави дека Бугарија стриктно се придржува кон принципите и критериумите за членство меѓу кои и развивањето и поддржувањето на добрососедските односи. Поддршката на Софија се базира на генералната позиција дека сите нејзини соседи од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ.

„Бугарија нема територијални претензии кон никој од соседите, но сметаме дека и нашите соседи не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија, бидејќи во бугарската држава секој е слободен да се декларира како што сака“, изјави Младенов.

Младенов, како што пренесува Бугарската новинска агенција, нагласил дека е важно Бугарија и Македонија заедно да ги чествуваат празниците и историјата за да можат заедно да ја градат иднината.

Би можело да ве интересира

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра