Бугарите во Македонија бараат средба со Вархеји: Притисокот врз нас е секојдневен, а власта не сака да разговараме

Од:

Невладините организации на македонските Бугари во Македонија побарале средба со комесарот за проширување и соседски прашања на ЕУ, Оливер Вархеји, поради институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив.

Во своето писмо нагласуваат дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт.

„Ние сме претставници на невладините организации отворено идентификувани како таква бугарска заедница во Македонија. Охрабрени од вашата неодамнешна изјава и подготвеност да не примите, ви пристапуваме со намера и се надеваме дека таквата средба ќе се одржи што е можно поскоро, се разбира, под услов вашата способност.

Секојдневното стигматизирање на нашата бугарска заедница и неможноста да се воспостави дијалог со локалните и националните власти создава предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности.

Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, стои во писмото до Вархеји кое го објави агенцијата БГНЕС.

На писмото се потпишани преставници на десет бугарски здруженија во Македонија: Петар Колев (Друштво за македонско-бугарско пријателство), Љупчо Георгиевски ( Центар за култура „Иван Михаилов“ – Битола), Добре Митрев ( Македонско-бугарско пријателство – Скопје), Љупчо Куртелов ( Балкански хоризонти – Охрид), Владимир Перев ( Коридор 8- Скопје), Томе Блажевски ( Цар Борис III – Охрид), Јован Николов ( Здружение „Дело“ – Скопје), Елизабета Величкова (Трибина – Прилеп), Маринела Петреска ( Друштво за македонско-бугарско пријателство – Битола), Владо Треневски ( Интеракција – Охрид), Столе Велков (Фондација „Единство“ – Кочани).

Би можело да ве интересира

Туристи од Ќустендил одбиле да патуваат во Скопје оти се плашеле од каменување

Орце Костов

Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Ана Ололовска

Вархеји: Работиме напорно да му помогнеме на регионот и го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ

Се бара оставка од Вархеји откако вчера нарече европратеници „идиоти“

(ВИДЕО) Пендиков: Во Македонија учиме изменета и фалсификувана историја во која Бугарите се фашисти

Орце Костов

Вархеји: Софија и Скопје да ги намалат тензиите, одговорните за инцидентите да се соочат со правдата

Катерина Павлова-Николовска