Бугарите дел од уставот, Османи преседател, Села прв човек на Собранието – ДУИ симулираше конститутивна седница

Од:

На првиот ден од кампањата за паралемнтарните избори, „Европскиот фронт“, на чие чело е ДУИ, направи симулација на конститутивната седница на новото Собрание.

Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во своето кусо излагање тој рече дека Демократската унија за интеграција направила суштинска анализа и со своите раководни тела и со претставниците на „Европскиот фронт“.

„Нашата земја треба да се стреми кон мир со сите земји од регионот, да се стреми кон промена на Уставот и инкорпорирањето на малите заедници кои живеат во оваа земја како уставна категорија што би имало значајно влијание. Затоа едногласно ја поддржуваме измената на Уставот, поддржуваме по пет години актуелниот претседател да покрене иницијатива шефот на државата да биде избран во Собранието, бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело.

Ние сме парламентарна република и мора да се оствари парламентарната демократија, идниот претседател да биде избран со мнозинство парламентарци, со принципот на Бадентер, затоа, господине претседателе, даваме целосна поддршка промените во оваа држава да се придвижат напред“, рече Ахмети.

Беше извршена верификација на мандатите на пратениците, потоа Зијадин Села беше избран за претседател на Собранието, како двајца заменици Фатима Османовска и Бејџан Иљаз.

Се разбира, тие функции им припаднаа на кандидатите од „Европскиот фронт“.

По изборот на Зијадин Села за претседател на Собранието, како трета точка на дневниот ред, се предлагаат уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот.

Четврта точка на дневниот ред беше свечената декларација на претседателот на Републиката, а тоа беше Бујар Османи. После тоа оваа фантомска седница на Собранието заврши.

Би можело да ве интересира

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата

Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се ДУИ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту мразат некого, ниту пак се албанофоби, Османи и ДУИ се тие кои ниту сакаат ниту почитуваат некого

ДУИ: Мицкоски јасно ја откри својата политичка опсесија за контрола врз албанската сцена во Македонија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дел од граѓаните ќе одат со Албанија, дел со Бугарија, ако не продолжи патот кон ЕУ, порача Ахмети од Тетово

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски