Бугаринот Стојанов нуди 200 евра за името на македонски полицаец-Чак Норис е одговорот од Македонија

Од:

По инцидентите со бугарски државјани на граничниот премин Деве Баир, најгласниот од нив, претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од туркањето, вечерва на својот ФБ профил објави фотографија од македонски полицаец. Тој во објавата нуди пари за оној кој ќе му даде информации за неговото име и презиме.

– Давам 200 евра за името и презимето на овој македонски полицаец, напишал Стојанов на Фејсбук под фотографијата на македонскиот полицаец.

Со која цел Стојанов ги бара овие информации е нејасно, дали е ова директна закана за овој македонски полициски службеник од страна на претседателот на бугарската фондација?

На објавата на Стојанов реагираше и македонските корисници на социјалните мрежи со комични одговори.

„Јас знам кој е – името му е Гоце Делчев“

„Не не ова е Чак Норис“

„ Полицаецот од Петлово Брдо„

„ Полицаецот Радомир“

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Фокуснет – Телеком: 24 години судски спор, милионска отштета и разрешени судии

Предраг Петровиќ

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди