Бугарија постави три услови за поддршка на Македонија

Од:

Шефот на бугарската дипломатија Николај Млaденов во писмо упатено до македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски предлага три чекори за нормализација на односите меѓу двете земји, како услов Бугарија да ја поддржи македонската интеграција во ЕУ.

Првиот услов што го предлага Младенов е да се потпише спогодба за добрососедски односи и соработка, која ќе биде според највисоките европски стандарди и ќе се базира на Декларација што во 1999 година ја склучија двете земји. Вториот чекор би бил изградба на неопходна инфраструктура за засилена соработка, како и создавање заеднички работни групи за подобрување на односите во клучните области. Како трето Софија предлага формирање на совет на високо ниво во форма на годишни меѓувладини средби.

– Ако се гарантира исполнувањето на предлозите, тоа ќе ја осигура поддршката од Бугарија за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ, наведува Младенов во писмото.

Посочува дека Бугарија од осамостојувањето на Македонија ги поддржува нејзините напори за евроатланска интеграција, но оти во последните години билатералните односи не се на ниво соодветно за две толку блиски и заемно поврзани земји. Младенов искажува незадоволство од „антибугарскатаите дејства и реторика во Македонија“, кои, како што наведува, „имаат за цел да го нагласат тоа што ги разделува, а не што ги обединува двете земји“.

Би можело да ве интересира

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија