Бугарија ќе донира вакцини против Ковид-19 за Македонија

Од:

Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против Ковид-19, произведени од Фајзер-Бионтек на Република Северна Македонија, јави бугарската новиснка агенција БТА.

Тоа е тристран договор помеѓу Република Бугарија, Република Северна Македонија и Фајзер-Бионтек.

Исто така е усвоен Двостран договор за донација на вакцини против Ковид-19 помеѓу двете земји.

Договорите предвидуваат донација од 51.480 дози од вакцината Комирнати, како и дека сите расходи за достава на вакцините да бидат на товар на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка