Бугарија доставила над 30 страници со забелешки за учебниците по историја во Македонија

Од:

Бугарија достави над 30 страници со забелешки на учебниците по историја во Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

На пратеничко прашање во бугарскиот Парламент, Захариева рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија веќе имала два состанока, а третиот треба да се одржи до крајот на месецов. Се разгледуваат учебниците по историја и во двете земји, направен е преглед на учебниците од шесто до седмо одделение во Македонија и за нив се доставени над 30 страници забелешки.

Захариева вели дека иако бугарските претставници од комисијата констатирале сериозни проблеми во содржината на учебниците, атмосферата во комисијата е конструктивна.

Таа посочи дека комисијата секоја година до владите на двете земји ќе треба да доставува извештај за сработеното. За Бугарија, вели Захариева, е важно да се постигне меѓусебна согласност за заедничките историски настани, личности, кои би требало заедно да се чествуваат.

Членовите на заедничката комисија веќе ја утврдиле методологијата на работа, а договорено е состаноците да се одржуваат на ротациски принцип, еднаш во Бугарија, еднаш во Македонија.

Захариева истакна дека очекувањата од работата на комисијата се многу големи. Бугарските претставници во неа, како што наведе, се определени по сеопфатни консултации со Бугарската академија на науките и Факултетот по историја на Софискиот универзитет.

Бугарскиот историрар Стефан Дечев, очекува промени во учебниците по историја во двете држави, но укажува дека за тоа ќе биде потребен подолг временски период.

Со отворање на историографијата една кон друга и со вклучување на млади кадри кои имаат современо образование може да биде постигнат успех и меѓусебно разбирање, вели Дечев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит