Граѓанското здружение „Алијанса за позитивна Македонија“, тргна во поход за собирање членство.
Еден од основачите на здружението, новинарот Љупчо Зиков, објави на својот фејсбук-профил дека биле дистрибуирани 10.000 пристапници низ цела Македонија.
Во пристапниците пишува дека здружението е отворено за сите граѓани кои имаат намера да живеат, работат и да изградат свое огниште во Македонија.
„Чест ни е да ве поканиме на ова наше долго патување. Да ни се придружите по патот на остварување на оваа благородна и благословена мисија. За сите нас кои сме решени пристојно да живееме, да опстоиме и да умреме овде. Во Македонија. Та нели е вечна!“ напишал Зиков на својот профил.