Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски на новинарско прашање за довербата на граѓаните во ова обвинителство, рече дека оваа институција се држи во вештачка кома.
„И законодавецот и општеството во овој момент го држат СЈО во вештачка кома. Тоа се гледа во одлуката на Врховниот суд и со непостапувањето на Основниот суд за едно од обвиненијата. Се чувствува дека одлуката на Врховниот суд нашла свој пат“, рече Бубеваки.
Тој рече дека нема забрана, шефицата на СЈО, Катица Јанева, да биде избрана за вршител на должност од уште една година.
„Со толкувањето на одредбите од Законот за јавното обвинителство за СЈО, не е забрането да има барем дури законот е во сила, уште една година мандат“, рече Бубевски пред конференцијата на Блупринт групата за реформи во правосудството.