(ВИДЕО) Бубевски: Притвор за Груевски, само така ќе се обезбеди негово присуство

Од:

Бараме притвор за Груевски, само така ќе се обезбеди негово присуство. На обвинетиот не можеше да му се достави ниту една покана, примил само една на 06.04.2017. Не успеавме да најдеме доставувач кој ќе му врачи покана ниту Пошта, ниту DHL. Сите други покани ги добило неговото обезбедување, вели Гарил Бубевски, обвинител од СЈО.

Според Бубевски, дури 10 покани СЈО му испратило на Груевски, и како што кажа тој, токму поради неодговарањето на повиците, Груевски е обвинет за попречување на правдата.

Груевски се терети за 3 тешки кривични дела, меѓу кои и создавач на група за злосторничко здружување. Од СЈО бараат притвор за екс-премиерот со причина дека може да влијае врз сведоци и сообвинети.

Обвинителите од СЈО, исто така напоменаа дека преку партијата, членството на ВМРО-ДПМНЕ било агитирано да излегува на протестите во Охрид кога СЈО испитуваше сведоци.

Адвокатот на Груевски, Боро Тасевски, бара контрадикторност на постапката што значи и Груевски и одбраната да се произнесат за предметот.

Адвокатката Сања Алексиќ, во одбрана на Груевски изјави дека има 26 илјади страници доказен материјал кои Груевски немал време да ги проучи па затоа не се јавувал во СЈО, исто така таа кажа дека Груевски без разлика дали бил поканет, за секое излегуање од државата СЈО било известувано дека нема да биде во Скопје.

Третиот адвокат на Груевски, Димитар Дангов читаше пресуди на Европскиот суд за човекови права за да му укаже на судот, дека имало слични судски постапки и одлуки во корист на обвинетите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов