Бубевски: Детето на Јанкулоска полни една година, недозволиво е и понатаму да се одложува издржувањето на казната

Од:

Заради правата на детето и на мајката, Врховниот суд донесе одлука со која издржувањето на затворската казна за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е одложено, но според обвинителот во СЈО Гаврил Бубевски, недозволиво е и понатаму да се одложува нејзиното извршување затоа што детето и наполнило една година.

– Сметам дека Законот за извршување на санкции е премногу јасен и му дава можност на судот додека детето наполни една година, заради првата на детето и мајката, да го одложи извршувањето на соодветната санкција. Денеска истекува рокот, детето полни една година, се над тоа е нешто што е недозволиво. Не сум ја видел одлуката на Врховен од кои причини се раководел, дали хуман аспект или нешто друго имал предвид. Но законот за извршување на санкции е така регулиран, нагласи обвинителот Бубевски.

Тој додаде дека е симптоматично Врховен да го одложува извршувањето на казната само кога се работи за високи функционери, како што е Јанкулоска во случајов, но и како што беше случајот со Владо Бучковски во минатото.

Јанкулоска, која правосилно е осудена на четири години затвор во предметот „Тенк“, требаше да се јави на издржување на казната на 1 јули.

Би можело да ве интересира

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов