Лазаревски: Броевите кои требало да се прислушуваат на маркирачите им биле доставувани на ливчиња

Од:

Со новиот систем за прислушување „Најс“ се запознав во 2012 година додека бев во канцеларија заедно со Марјан Јанкуловски и Влатко Ѓорѓиевски, кои беа поставени како маркирачи во системот, односно, оние кои ги внесуваат броевите кои треба да бидат прислушувани. Во периодот од 2012 до 2013 година и двајцата ниту еднаш не донесоа официјален документ што личи на наредба за прислушување. Броевите претежно ги носеа напишани на ливчиња, сведочи Ѓорги Лазаревски поранешен вработен во УБК кој ги извади нелегално прислушуваните разговори од МВР на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“.

– Марјан и Влатко експлицитно ми кажаа дека маркираат и експортираат. Многу често и на едниот и на другиот ќе им заѕвонеше телефонот и викаа дека имаат работа во системот. При заминувањето велеа дека ги вика Горан, мислејќи на началникот Горан Грујевски, или Надица Николиќ. Имаа автомобили на располагање, според нивното кажување, оделе да маркираат броеви во системот, надвор од работното време. Беа прилично дискретни и не зборуваа за својата работа, рече Лазаревски.

Од разговорот на Лазаревски со другиот сведот во случајот Звонко Костовски, дознал дека нелегалниот број на таргети кои биле прислушувани, далеку го надминувал бројот на легални таргети. Костовски му рекол дека станува збор за огромен број податоци и дека истите целосно не може да се извадат од датабазата.

Лазаревски појасни дека податоците кои се вадат од датабазата се неразбирливи и се читаат само со специјална станица која се користи исклучиво за судски предмети.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он