Брнабиќ: ЕУ не може постојано да одложува, Северна Македонија го смени името и се уште не ги почна преговорите

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека Европската Унија не може постојано да одложува некои одлуки, наведувајќи дека Македонија го промени името, а сепак се уште не ги започна преговорите.

„Европската унија е мировен проект и ние сакаме да бидеме дел од него“, рече Ана Брнабиќ.

Таа изјави и дека ЕУ не може постојано да одложува некои одлуки, наведувајќи дека Северна Македонија го сменила името и се уште не ги отворила преговорите. Таа додаде дека Белград нема ништо против визната либерализација за Приштина, бидејќи дури и отворените прашања може полесно да се решат, бидејќи дијалогот сега не оди во вистинската насока и вистинското прашање е дали воопшто имаме дијалог.

Премиерката рече и дека освен евроинтеграциите, друга клучна работа за Србија е регионалната стабилност и соработка. Илустрирајќи ја важноста на соработката со Унијата и регионот, таа изјави дека 65 отсто од извозот на Србија оди на пазарот на ЕУ, а 17 во регионот.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија