Британскиот министер Данкан на средба со Иванов

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе го прими сер Алан Данкан, државен министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Британскиот министер Данкан, кој е во дводневна посета на Македонија, вчера се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Поповски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

На средбите, според соопштенијата од МНР и партиите, се разговарало за актуелната политика ситуација во Македонија, нејзините евроаталнски перспективи, реформските процеси, билатералната соработка…

Според најавата за посетата на Данкан на Македонија од Британскиот форин офис, Данкан треба да има средби со лидерите на сите политички партии застапени во македонското Собрание, со претставници на граѓанскиот сектор, на СЈО и институции поврзани со владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски