Британската амбасада го одбележа роденденот на кралицата Елизабета

Од:

Амбасадата на Велика Британија вечерва во Музејот на современа уметност во Скопје организираше прослава со која го одбележа 91- роденден на британската кралица Елизабета Втора.

На прославата, на која присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, министри, претставници на дипломатскиот кор, како и личности од бизнис сферата и јавниот живот, изостанаа политичките пораки бидејќи, како што кажа британскиот амбасадор Чарлс Гарет, одбележувањето на роденденот на кралицата Елизабета се совпаѓа со денот кога во Британија се одржуваат парламентарни избори.

Наместо тоа, амбасадорот Гарет во својот говор се фокусираше на успешната британско-македонска соработка, во повеќе области, особено во делот на културата, едукацијата, инклузијата…

– Многу сум задоволен што односите помеѓу Обединетото Кралство и Македонија, помеѓу нашите општества, навлегуваат во многу повеќе области отколку политиката. Тие односи се засноваат на илјадници врски помеѓу луѓето и организациите во нашите две земји, многу од нив кои постоеја пред независноста на Македонија, и кои продолживме да ги негуваме како суверени партнери, рече амбасадорот Гарет.

Во однос на културата, која како што оцени, е уште една моќна состојка во билатералните односи, тој ги издвои изложбата на делата на Демијан Хрст во организација на Британскиот совет што се одржа минатата година во Музејот на современа уметност, Првиот фестивал на британски филм PlayUK, како и престојниот концерт на Стинг во октомври и гостувањето на Манчестер Јунајтед во август во Скопје во рамки на Суперкупот.

– Идната година бележиме четврт век откако Обединетото Кралство ја призна Република Македонија. Со задоволство сакаме да ги продолжиме нашите врски, партнерство кое се заснова на заеднички труд, да ја зајакнеме стабилноста, безбедноста и просперитетот за доброто на нашите две земји, нагласи британскиот амбасадор.

Тој спомена дека се поголем е бројот и на стипендисти од Македонија во рамки на Чивнинг програмата, како и на програмите за воена обука и образование во Британија.

– Денес имаме над 200 Чивнинг стипендисти кои завршиле постдипломски студии во Британија и се вратиле во Македонија да придонесат. Присутни се овде, во секој дел од општеството, од политиката до бизнисот, граѓанскиот сектор, истражувањето, и уметностите, рече британскиот амбасадор.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници