Британецот не бил во земји каде што има ебола

Од:

Се намалува веројатноста дека Британецот што почина во Скопје имал ебола особено по добиените епидемиолошки податоци од неговата земја според кои изминативе неколку месеци не престојувал, ниту се движел во која било држава каде што ја има оваа болест.

Како што соопшти денеска д-р Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, материјалот од починатиот пациент е веќе пристигнат во референтната лабораторија во Хамбург, а резултатите се очекуваат доцна попладнево.

– Се до добивање финална потврда од лабораторијата во Хамбург, продолжуваме да постапуваме согласно медицнските протоколи, нагласи Костовска.

Во Македонија засега нема друг сомнителен случај на ебола. Лицата кои моментно се во карантин во хотелот во ТЦ „Мавровка“, се во добра општа здравствена состојба и не покажуваат никакви симптоми.

– Иако денеска веројатноста дека станува збор за ебола е уште помала, се надеваме на најдоброто. Сепак, како здравствен систем сме подготвени и за справување со најлошото сценарио, потенцира Костовска.

Би можело да ве интересира

ММФ за 100 милиони долари го намали долгот на земјите зафатени со епидемијата од ебола

Ана Ололовска

На Деве Баир пристигнале 542 аџии, другите се очекуваат викендов

Ана Ололовска

Ебола не е причина за смртта на Британецот, карантинот укинат

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Во хотелот „Супер 8“ се доставувa само храна

А1он

Хотелот „Супер 8“ и денеска под карантин

Емир Латифовиќ

Лабораториските резултати од починатиот Британец утре

Ана Ололовска