Бришкоска: Запрепастена сум, исказот на Александар Василевски целосно го отфрлам како неточен

Од:

Ексзаменичката на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски, за „Макфакс“ го негира исказот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, кој го даде на денешното судење за настаните од 27 април. Таа не одговори на телефонскиот повик, но испрати порака со следната содржина:

„Во врска со наводите пренесени во медиумите од сведочењето на обвинетото лице, Александар Василевски, можам само да изјавам дека сум запрепастена од невистинитоста на исказот на сведокот кој се однесува на мене и целосно го отфрлам како неточен“.

На денешното сведочење, Александар Василевски Нинџа рече дека Билјана Бришкоска Бошковски контактирала со Трајко Велјаноски од осмиот кат на седиштетото на белата палата и му давала наредби на претседавачот, пратениците да ги отворат влезните врати во Собранието.

Бришкоска Бошковски е обвинета во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство за злосторничко здружување и фалсификување исправа.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски