Брисел не се откажува од меѓувладина конференција со Македонија до јули

Од:

Португалија како претседавач со Европската Унија и Европската Комисија и натаму се надеваат дека до крајот на португалското претседателство ќе може да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија.

Ана Паула Закариаш, државната секретарка за европски прашања на Португалија, објасни дека денеска за време на Советот за општи работи министрите имале дискусија за Северна Македонија и Албанија како и општо за проширувањето.

-Би рекла дека сите земји членки сакаат да видат придвижување тука, претседателството разговараше со земјите кандидати и со земјите членки и со поддршка на еврокомесарот Оливер Вархеји разговаравме со бугарските власти, изјави Закариаш на прес – конференцијата.

Таа додаде дека во овој момент Бугарија се наоѓа во постизборен период, но дека дебатата за Северна Македонија продолжува за да се дојде до резултат.

-А тоа е за време на нашето претседателство да ги започнеме меѓувладините конференции со Северна Македонија и Албанија, рече португалската државна секретарка.

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, додаде дека за во оваа институција се прави сѐ што е можно за до крајот на португалското претседателство, на 30 јуни, да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција.

-За Европската Комисија сите услови се исполнети од страна на Северна Македонија и треба да работиме заедно за усвојување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција, изјави Шефчович.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска