БРИМА: На локалните избори 25,2 отсто би гласале за СДСМ, 20,6 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, а 6,1 за ДУИ

Од:

На локалните избори 25,2 отсто од граѓаните на национално ниво би го дале својот глас за СДСМ, 20,6 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 6,1 за ДУИ, 5,1 за Алијансата на Албанците, четири за БЕСА и два отсто за ДПА, покажуваат резултатите од Политичкиот барометар на БРИМА за спремноста за гласање за кандидатите на политичките партии за градоначалници на локалните избори, спроведен како дел од редовното тримесечно омнибус истражување.

На теренската анкета направена во периодот од 6 до 14 септември годинава, 29,7 отсто од испитаниците за градоначалник на Град Скопје би поддржале кандидат на СДСМ, 26,5 отсто на ВМРО-ДПМНЕ, 6,4 отсто на БЕСА, 6,3 отсто на ДУИ, 1,8 отсто на Алијансата на Албанците и 1,1 отсто на ДПА.

На ниво на Македонија друга опција би поддржале 3,2 отсто од испитаниците, нема да гласаат 17,7, а одбиле да дадат одговор или се неопределени 16 отсто. За Град Скопје друга опција поддржуваат 1,1 отсто од испитаниците, 12,5 отсто нема да гласаат, а 14,7 отсто одбиле да дадат одговор или се неопределени.

Анкетата е спроведена врз репрезентативен примерок од 1.205 полнолетни граѓани на национално ниво со маргина на грешка: +/- 2,8 отсто и 303 испитаници за Скопје со маргина на грешка: +/- 5,6 отсто во период кога се уште не беа соопштени кандидатите за градоначалници. Предмет на анализа се одговорите на прашањето – Ако локалните избори се одржат денес, за кандидатот на која партија ќе гласате за градоначалник на вашата општина, односно за градоначалник на Скопје.

ОД БРИМА посочуваат дека резултатите од истражувањето овозможуваат да се формира генерална слика за спремноста на гласачите да гласаат за кандидат за градоначалник на одредена партија во периодот кога е спроведено истражувањето.

– Во период по истражувањето, се актуелизираа стратегиите на некои партии за меѓусебна поддршка на кандидатите за градоначалници во некои општини што може да доведе до одредени промени во бирачката ориентација кај одреден дел од бирачите. Истражувањето е спроведено пред почетокот на изборната кампања која исто така ќе има свои влијанија врз бирачките преференции на гласачите, појаснуваат од БРИМА.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Орце Костов

Се помалку Руси ја поддржуваат војната

Горан Наумовски

Анкета: Поддршката за инвазијата на Путин кај Русите првпат паѓа под 50 отсто

А1он