Братотот на контроверзниот Ел-чека Блерим Ахмеди е организаторот на денешните протести кои требаше да се одржат против затворските изречени пресуди за случајот „Монструм“.
Ахмеди уредно го пријавил протестот во МВР на 22 март и според најавата тој требаше да започне во 13.30 од паркот од Чаир, но сепак протестот не одржа, ниту пак е презакажан за друг термин. Наводно, протестите не се одржале заради присуство на делегации во Владата.
Претходно роднините на осудените се оградија од денешниот протест и рекоа дека немаат никаква поврзаност со него , потенцирајќи дека немале контакт со лицата кои го закажале настанот во полицијата. Тие најавија, дека ќе протестираат идниот петок, на 2 април.
Инаку, Блерим Ахмеди е братот на Ел Чека, кој преку својот “Фејсбук“ профил од Чикаго објавуваше прислушкувани разговори на влијателни членови на ДУИ, меѓу кои и за лидерот на партијата Али Ахмети . Братот на Ел чека, организираше и протести за т.н бомби за ДУИ, за што во 2019 беше уапсен од страна на полицијата.
Во меѓувреме и МВР со соопштение се јави и потврди дека зад протестот стои Блерим Ахмеди.
„Mинистерството за внатрешни работи ја демантира лажната објава на социјалните мрежи на лицето Блерим Ахмеди дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест за денеска во 13.30 часот. Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење.
Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста“, се вели во соопштението од МВР.