Божиќна честитка на бискупот скопски Киро Стојанов

Од:

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов упати божиќна честитка по повод празникот Божиќ што утре го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед.

– Драги верници и сите луѓе со добра волја!, Божик е средба со Бог. Ние овој Божиќ, во годината на верата, сакаме да го чуеме со вера, а тоа значи со срце. На Божик најголемата вредност е кога Бог е присутен во човекот. Затоа вам драги верници, но и на вас почитувани со добра волја Ви посакувам неизбежна средба со Исус Христос кој токму на овој Божик за вас има утешна порака и охрабрување: Не бој се јас сум со тебе, јас сум за тебе засекогаш да останеш човек и од внатре бидеш збогатен со вредностите на духот и со вечната порака твојот живот да ја следи мојата љубов и мојот благослов, се наведува во честитката на бискупот Стојанов.

Со тие мисли, истакнува бискупот, и јас со вас се среќавам и се обидувам да ја отворам вратата на Христос, кој како скромно дете доаѓа со пораката: Не дојдов да се плашите од мене, туку да ме сакате, да ме почитувате.

– Љубов, мир и милосрдие со сите вас кои го славите и кои ја почитувате желбата и овој Божик да станеме подобри луѓе и подобри христијани. Мир со вас – Честит празник Рождество Христово! Христос се роди!,  се вели во божиќната честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска