Божиќен концерт на женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“

Од:

Концерт на женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ по повод денот на Христовото раѓање, ќе се одржи утревечер во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, со почеток од 20 часот.

Концертот е во рамки на манифестацијата „Божиќни свечености“ и традиционално се одржува секоја година со благослов на архепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Хорот, кој е под диригентско водство на Летка Димовска-Полизова, ќе изведе дела од домашна и од руска литература. Гостуваат битолскиот женски хор „Бутелион“, со кој рако­води диригентката Лилјана Трајковска, женскиот хор „Рустико“ под водство на маестро За­про Запров и детскиот архиепископски хор „Херувими“.

Божиќниот концерт е во организација на Здружението на камерни хорски состави „Света Злата Мегленска“ во кое членува и истоимениот хор и на Македонската православна црква со поддршка од Министерството за култура и МРТВ.

Хорот „Света Злата Мегленска“ е составен од 20 женски вокали, од кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Иако волонтери според ангажманот, тие со својот професионален однос придонесуваат за афирмација на македонската културна традиција, како и за популаризација на хорското црковно пеење на автентичен начин и со висок квалитет.

Свечена беседа ќе одржи македонскиот писател Васе Манчев. Солисти на вечерта се: Николина Јаневска, Јасмина Димитровска, Јулија Карамитрова-Огненовска, Елена Тасевска и Андријана Јаневска.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска