Бошкоски: Во затвор сакаа да ме видат оние кои се декларираа како „мои“

Од:

Љубе Бошкоски преку извинување упатено кон неговата сопруга и деца бидејќи цела деценија бил отсутен од нивните животи, се обрати на панел дискусијата „Жртви на режимот“. Тој потенцираше дека неговото отстутво не било поради индивидуалната слабост или злоупотреба направена како функционер туку поради системот на владеење против кој се борел.

„Јас сум бил мета речиси на сите режими, од ексјугославија до денес, немало режим кој ме нема изнесено пред суд. Јас и моето семејство сме навикнати на тоа, бидејќи поминавме низ пеколот на неправди. Тие обиди за медиумско линчување, монтирано судски-политички процеси, затвор, нас како семејство не спојуваа. Факт е дека тој период, скоро една деценија самување за Македонија, ми одзеде многу од мојот живот. Јас најдобро знам какво е чувството да бидеш осуден за правдина, знам за каква Македонија сум се борел“, рече Бошкоски.

Во своето обраќање кажа дека додека се случувал прогонот против него, рака му подала власта против која се борел, односно бил политички опонент. Во затвор сакале да го видат тие кои се декларирале како „негови“, кажа Бошкоски.

„Поради моето искуство, посакувам да се најде правда за внкукот на Ченто, чиј дедо беше суден заради поинакви политички ставови, мислења во југословенската комунистичка власт. Ченто го споменувам поради судбината на неговата фамилија кон која ниту една власт немала милост. Кога мене ми се случуваше сличен прогон, рака ми подаде власт против која политички сум се борел, сум бил политички опонент. Опција која е поразлична од мојата вмровска и опцијата на Обединети за Македонија. Ми пружила рака затоа што верувале во мене и во правдата. Кога е во прашање вистината нема мои, твои, наши и ваши. Сакаа да ме видат во зандани оние кои се декларираа како ‘мои’, оние модернизирани, новокомпонирани квази патриоти кои сурово го користат светото име ВМРО и се нарекуваат вмровци. Јас мојата правда ја докажав, иако напати ме прозиваат измислени величини. Затоа верувам дека правдата пак ќе победи и во случајот на младиот Ченто кој треба да излезе од затвор, а на негово место да дојде креаторот на овој криминал, хаос и жив песок од кој мака мачиме и по две ипол години“, кажа Бошкоски.

Верувањето во Груевски е нешто што е надвор од вредностите на ВМРО, смета Бошковски, по што ги посоветува оние кои веруваат, во како што рече ‘груевизмот’, да сфатат дека не веруваат во патриот, туку во банда криминална.

„Мој совет до вас кои верувате во Груевски е да сфатите дека тој никогаш не верувал во Македонија и не бил патриот. На едни парламентарни избори многу јасно кажа дека со Македонија владее банда криминална. Криминалци на кои им е гајле за судбината на нашите луѓе кои ги оставија на цедило“, рече Бошкоски.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ