Бошкоски со повик до Катица Јанева да ги отвори „Ровер“ и „Кампања“

Од:

Љубе Бошкоски ја напушти судницата и порача дека не може да му суди судијата Илија Трпковбкој од почеток до крај е инволвиран во местењето и монтажата на предметот Ровер. Бошкоски ја повика специјалната обвинителка Катица Јанева, предметот Кампања за кој одлежува казна, како и „Ровер“ да им даде приоритет.

– Илија е директно инволвиран во предметот, Јанева треба да преземе дејствија за судијата и неговата дружина кои се инволвирани во монтажата на овој процес, рече Бошкоски и си замина.

Обвинителката не беше присутна, а одбраната прашуваше кој го застапува обвинението. Од обвинителството не дошле на рочиштето. зашто немало достава, па  судскиот процес беше одложен.

Апелацискиот суд два пати ја укинува првостепената пресуда, бидејќи во неа имало низа пропусти и неутврдена фактичка состојба.

Според пресудата на кривичниот, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска