Бошкоски извади транскрипти во судницата, обвинителката се откажа, се чека на Катица Јанева

Од:

Екс министерот Љубе Бошкоски во судницата на рочиште за процесот „Ровер“ извади транскрипт и аудио материјал со докази дека и „Ровер“ е полициско-политички прогон со цел остатокот од животот да го помине во затвор. По ова обвинителката кажа дека се повлекува од случајот, но сепак надвор од судницата изјави дека останува на случајот формално, се до конечната одлука кој е надлежен за “Ровер“.

Судот одлучи процесот да го одложи до јануари, до кога ќе се чека да се утврди кој е надлежен за неговото постапување-дали Јавното обвинителсто или Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

Бошкоски материјалите ги предаде на својот адвокат за да ги даде на специјалниот обвинител. Кажа дека материјалите ги поседува од март годинава и се мислел дали да бидат пуштени во судницата, но на крај решил тоа да не го бара зашто после може и да не се прифатат како докази во постапката. Како што рече има сознанија дека специјалниот јавен обвинител можно е да ги поседува овие материјали заедно со прислушуваните разговори.

– Од овие материјали се гледа вистината за овој полициски политички процес познат како „Ровер“, а конструиран од еден висок функционер во полицијата. Кога материјалите ќе и бидат достапни на јавноста како со случајот „Кампања“, јавноста ќе биде шокирана од вокабуларот и од бруталноста на мојот прогон, рече Бошкоски.

Обвинителката во случајот Лидија Раичевиќ Вучкова по напуштањето на судницата сепак кажа дека формално останува обвинител во предметот се додека не биде конечно одлучено дали овој случај преминува кај специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева.

„Ровер“ од почетокот беше посочуван за класичен судски случај на политичка нарачка. Пресудата два пати беше враќана на повторно судење, првообвинетите за убиството на Маријан Тушевски судот никогаш не ги најде, а не се ни потруди да ги пронајде. Целиот процес беше исполнет со контрадикторности и нелогично обвинение.

И во овој случај против Бошкоски беше користен “заштитен сведок“ врз чија изјава дека “нешто слушнал“ од трето лице, беше осуден Бошкоски прво на 12, а потоа на 10 години затвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска