Борисов утре во тајна посета на Македонија?

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов утре доаѓа во тајна посета на Македонија, јави „Алфа“.

Сепак, телевизијата истакнува дека оваа информација не успеала официјално да ја потврди ниту од надлежните во Скопје, ниту во Софија.

Предвидено е Борисов да се сретне со премиерот Никола Груевски, но каде и кога ќе биде состанокот, се крие во најголема тајност. Неофицијално, така инсистирал Борисов, кој самиот пред неколку дена ја најави можноста за скорешна средба.

– Доцна синоќа разговарав со премиерот на Македонија затоа што многу напреднавме во преговорите за добрососедство. Се надевам дека наскоро ќе имаме средба, а не само да зборуваме по телефон – изјави пред три дена Борисов.

Би можело да ве интересира

Борисов: Бугарија е во тежок период

А1он

Борисов поднесе оставка: Се откажува од пратеничката фотелја

А1он

Борисов за формирање коалиција по изборите во Бугарија: Не мора да бидам премиер

А1он

Борисов: Победата на ГЕРБ е морална

А1он

Борисов: Бугарите да не бидат наивни, Василев и Петков извлекоа стотици милиони од државата

А1он

Објавени нови контроверзни фотографии од Борисов во пресрет на изборите во Бугарија: Глок, пари и портокалов кондом

Ана Ололовска