Влада: Разговорот Заев – Борисов потврдува дека може да се дојде до решение преку комуникација и дијалог

Од:

Денешниот контакт меѓу премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов е уште една потврда дека низ комуникација, дијалог и зачестени контакти може да се дојде до решение, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски во врска со телефонскиот разговор утрово меѓу Заев и Борисов.

Арсовски додаде дека заедничкиот заклучок, оти решението е во самиот Договор за добрососедство и пријателство од 2017, е токму она на кое Владата постојано се залага и опстојува како став и дека ова е одлична рамка за изнаоѓање решение за сите отворени прашања.

Во однос на тоа до каде е Акцискиот план, Арсовски рече оти кога ќе имаат нови моменти, ќе ја информираат јавноста.

На новинарско прашање дали за Владата не претставува мешање во внатрешните работи на други земји ставот на шефот на дипломатијата Бујар Османи, со кој на Бугарија и даде поддршка во т.н. шпионска афера со Русија, Арсовски рече дека Владата секогаш ќе дава поддршка на суверенитетот на секоја држава.

– Во однос на ова прашање можеме само да кажеме дека Владата секогаш ќе дава поддршка кога станува збор за суверенитетот на секоја држава во светот Северна Македонија ги поддржува сите наши сојузници и ќе демонстрира солидарност секогаш кога тоа е потребно, рече Арсовски.

Владиниот портпарол, во одговор на новинарско прашање дали признавањето на Косово од страна на Шпанија е приоритет на Владата, рече дека Северна Македонија има добри односи со сите соседни држави.

– За време на посетата на министерот за надворешни работи Бујар Османи на Шпанија, централна тема на средбите беше европското досие на Република Северна Македонија и поддршката на официјален Мадрид за европските интеграции на земјава со цел операционализација на одлуката од март минатата година со која 27-те земји-членки дадоа зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија. На агендата на средбите беа и разговори за регионалната безбедност, стабилност, европската перспектива на сите шест земји од Западен Балкан. Кон ова да повториме дека Северна Македонија има добри односи со сите соседни држави, рече владиниот портпарол.

Првиот вицепремиер Артан Груби за време на посетата на Приштина на 18-ти овој месец, на новинарско прашање дали Османи при посетата на Шпанија ќе лобира и за признавање на Косово, рече дека „прашањето за Косово е на приоритетната листа на Османи, како и на нашата партија како учесник во Владата на Република Северна Македонија“

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата