А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Борисов: Што е можно побрзо да се реши спорот со името

by А1он16/05/2018 - 19:24297
Share0

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска од Софија изрази надеж дека што е можно поскоро ќе се реши спорот со името меѓу Македонија и Грција.

Добивај вести на вибер

Борисов ова го изјави еден ден пред официјалниот почеток на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Софија, како и ден пред новата тет-а-тет средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, која ќе се одржи на маргините на Самитот, утре во 10:30 часот по бугарско време, јави известувачот на МИА од Софија.

– Се надеваме дека конечно ќе се реши спорот со името на Македонија. Тоа е ваша работа. Ние само се надеваме, немојте да помислите дека ви солиме памет, реле Борисов на конференцијата „Дијалог со Западен Балкан: создавање на регион на раст, безбедност и поврзаност на патот кон Европа, која се одржа еден ден пред утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан.
Нагласи дека полека, со дијалог, методично, чекор по чекор на крај сите се согласиле и ќе присуствуваат на Самитот.

– Македонија има 11 милијарди БДП, Србија, 41 милијарда, Албанија 13 милијарди, Косово осум милијарди, Босна и Херцеговина 17 милијарди, Црна Гора четири милијарди, а Бугарија 57 милијарди, појасни бугарскиот премиер, чија земја како претседавач на ЕУ е домаќин на Самитот во Софија.

Според него, земјите од Западен Балкан според БДП повеќе наликуваат на Словачка, отколку на Романија.

– Што е толку страшно, зошто толку се плашите, ги праша тој европските лидери во однос на интегрирањето на регионот во Унијата.

На конференцијата присуствуваа политичари и претставници на невладини организации од земјите од регионот и од ЕУ.

Главна тема е европската перспектива на земјите во регионот и начините за нивно поврзување.

Бугарија е домаќин на Самитот ЕУ – Западен Балкан на кој присуствуваат лидерите на 28 земји членки на ЕУ и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан.

borisovbugarijaimeto

Би можело да ве интересира

Ескалација на протестите во Бугарија, демонстрантите предизвикуваа тензии на улиците

Горан Наумовски02/12/2025 - 08:08

Докторот Ненад Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 11:3813/11/2025 - 11:39

ВИДЕО: Лекар од Македонија прегази куче во Софија, виде дека е под тркалото и продолжи да вози преку него

Катерина Ѓуровски11/11/2025 - 13:5812/11/2025 - 09:54

Пожар избувна во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Катерина Ѓуровски04/11/2025 - 11:22

Жељазков: Имаме еден месец да одлучиме за иднината на рафинеријата Лукоил

Горан Наумовски24/10/2025 - 09:50

Ги уби мајка му, сестра му и тетка му, па им ги запали телата

А1он21/10/2025 - 17:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен