Борисов: Ние сме за единствена Македонија и за нејзино членство во НАТО и ЕУ

Од:

Ние сме за единствена Македонија и за нејзино членство во НАТО и ЕУ, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов по денешната средба во Софија со претседателот на македонската Влада Зоран Заев.

Борисов нагласи дека Македонија веќе внатрешно-политички е стабилизирана и оти има историска шанса да направи нејзините граѓани да се чувствуваат подобро.

– Патот кон ЕУ и НАТО минува низ внатрешно-политичка стабилност. Ги почитувам луѓето кои си стојат на зборот, рече Борисов, објаснувајќи оти ноќта на 27 април за време на нередите во македонското Собрание во телефонски разговор Заев му кажал дека ако стане премиер прво ќе ја посети Софија и тоа сега го исполнува.

Борисов истакна и дека е многу важно да има инфраструктурна поврзаност меѓу двете земји. Вети дека ќе работи со Грција да се решат сите отворени прашања.

Македонскиот премиер Заев нагласи дека Бугарија како прв сосед сака да и помогне на Македонија да се интегрира во НАТО и ЕУ.

Посочи дека со Борисов разговарале и ги приближиле ставовите во врска со договорот за добрососедство и оти е договорено заедничко чествување на Илинден во Македонија на 2 август. Тогаш со Борисов и ќе го потпишат договорот за добрососедство.

Договорени се и други чекори за соработка. Предвидено е по една улица во Скопје и во Софија да ги носат имињата на поранешните претседатели на Бугарија Жељу Желев и на Македонија Борис Трајковски. Тоа е израз на почит и на големо пријателство, истакна Заев.

Македонскиот премиер очекува помош од Бугарија и во користењето на фондовите на ЕУ.

– Искуството на Бугарија е многу корисно за нашите европерспективи. Сакаме да ги почнеме преговорите со ЕУ, а исто така и да станеме членка на НАТО. Пријателска Бугарија ќе ни биде од голема помош на тој пат, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“

Пожар избувна во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Руте: Путин ја губи војната, сега е време за притисок

А1он