А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Борисов не му кажал на Обама за ветото

by А1он13/12/2012 - 19:5013/12/2012 - 19:57139
Share0

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, при неодамнешната средба со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон, не го отворил прашањето за Македонија и не најавил дека Бугарија ќе го блокира отворањето на преговорите за Македонија.

Добивај вести на вибер

Од високи американски дипломатски извори, упатени во разговорите на Обама и Борисов, МИА дознава дека ние не сме биле тема на разговор, на инаку кусата средба. Според нашите извори, прашањето на Европскиот Совет во целина, и стратегијата на проширувањето на ЕУ кон Балканот, не фигурираат високо во моменталната агенда во Вашингтон.

Одлуката на Бугарија дојде десетина дена по посетата на Борисов на Вашингтон, каде допатува со целата свита – министрите за внатрешни, надворешни работи и за одбрана. Неговата десна рака, министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов, беше во неколкудневна подготвителна посета пред доаѓањето на Борисов. На средбата со Барак Обама, американскиот претседател го прогласи Борисов за лидер на Балканот.

– Знам дека премиерот е заинтересиран за низа реформи кои водат кон создавање на отворена и транспарентна Влада, кон подобрување на трговијата меѓу нашите две земји, и е лидер на Балканот во движење напред на интеграцијата со Европа и со остатокот на светската економија, изјави Обама пред средбата со Борисов.

bugarijaeu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 09:24

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто