Борба за реконструкција на училиште во Тетово: МОН ги крие имињата на фирмите кои го „бркаат“ тендерот

Од:

Најниска понуда – Вака е означена отворената постапка за реконструкција на Средното училиште Моша Пијаде во Тетово кој на 12 октомври го објави Министерството за образование и наука, тендер вреден 4,5 милиони евра.

А1он испрати прашања до Министерството кое го води Јетон Шаќири, кои се фирмите кои досега се имаат јавено на тендерот, но од таму не кажуваат кои фирми се заинтересирале да влезат во трката за да го добијат тендерот.

Постапката за јавна набавка е во тек и не би можеле во моментов да информираме за евентуално поднесени апликации“, велат од Министерството за образование.

Според неофицијалните информации до кои дојде А1он, за тендерот се заинтересирани повеќе фирми. Сепак, на него ќе може да се најдат веќе видени имиња на градежни компании, бидејќи тендерската документација предвидува реализирани минимум три договори во последните пет години, од кои барем еден да биде со сума не помала од 160 милиони денари. Приходот кој фирмите треба да го покажат пак, треба да биде не помал од 287 милиони денари во последните три години, за секоја година поединечно.

Тендерот според нашите извори, треба да го добие компанија која 15 години е во „топ 10“ по добивање на државни тендери, а до скоро беше должник во Управата за јавни приходи.

Би можело да ве интересира

МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово

Предраг Петровиќ

Убиениот во Тетово бил застрелан додека бил во возило

Горан Наумовски

Убиство во Тетово

Горан Наумовски

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски