„Бомбите“ за „Монструм“ ќе одекнат на 22 август

Од:

Изведувањето на „бомбите“ за случајот „Монструм“ кое се однесува на петкратното убиство кај Смилковско езеро кое се случи на 12 април 2012 година е закажано 22 август.

Обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство информираше дека по завршувањето на овој дел од постапката каде како дополнителни докази ќе бидат претставени нови вештачења од 31 телефон, судењето ќе предложи со изведување на аудио снимки и транскриптите од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ.

Судот, посочи дека ќе му биде потребно време да се запознае со содржината по што ќе биде договорено нивно изведување.

На денешното рочиште за случајот беше сослушан еден сведок кој сам се пријавил на судењето, откако како што рече, дознал од соседите дека полицијата го барала за сведок.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени обвинетите Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов