Боки 13 и Катица Јанева утре ќе бидат спроведени од затвор, повторно ќе се бранат заедно

Од:

Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13, но и Зоран Милески-Кичеец, Владата, распаднатото Специјално јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство, утре ќе треба да се бранат пред Граѓанскиот суд од бизнисменот Орце Камчев, дознава „А1он“. Тој има поднесено тужба преку која си ги бара 1,5 милиони евра, од случајот „Рекет“. Ова е прво рочиште за овој предмет. Адвокатот Александар Михајлоски, застапник на Камчев во граѓанската постапка, потврди дека е закажано рочиште. Но, тој одби да даде било какви информации за предметот.

Доколку биде побарано од судот, Јанева и Јовановски, заедно ќе треба да бидат спроведени во Граѓанскиот суд. Тие, заедно со Милески-Кичеец, по вторпат се бранат од бизнисменот Камчев, откако претходно тој беше сведок во „Рекет“ и посочи како биле земени парите од неговиот дом. Бидејќи е прво рочиште, тужените, ќе треба и да се произнесат за тоа дали ќе определат адвокати кои ќе ги застапуваат.

Нејасно е зошто во граѓанската постапка, тужени страни се и СЈО, Републичкото обвинителство и Владата, ако се има во предвид дека Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот суд, а со која, како виновни се прогласени само Јанева, Јовановски и Милески-Кичеец кој призна вина.

„А1он“ се обиде да побара објаснување и од адвокатот Тони Менкиноски кој го застапува Камчев во дел од предметите, но тој не одговори на нашиот повик.

Торбата „Луј Витон“ од „Рекет“ во која Камчеви тврдеа дека имало милион евра, остана непронајдена. За неа се тврдеше, дека биле ставени еден милион евра, за кои имаше претпоставки, но не се докажа каде завршиле.

Би можело да ве интересира

Боки 13 хоспитализиран, ќе му се отстранува желудникот

Ана Ололовска

На Боки 13 мора да му се извади желудникот ако сака да преживее – затворот му ја влошил состојбата

А1он

Правниот тим на Јовановски тврди: 11 доктори од Итна помош констатираа дека Боки-13 не може да се лекува во затвор

Горан Наумовски

Боки 13 за брендираната гардероба: Чии ли нечисти раце ми ги носат чантите, чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите?

Катерина Павлова-Николовска

Правниот тим на Боки-13: Ниту една закана нема да не спречи од реализација на операцијата „Бумеранг”

Горан Наумовски

Почнува операцијата „Бумеранг“, ќе предадеме 1.150.000 фајлови најавува правниот тим на Боки 13

Катерина Павлова-Николовска