Боки 13 од безбедносни причини е во хашкото одделение

Од:

За осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски во истрагата за рекет на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кои синоќа беа примени во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, се спроведени сите процедури како и кај сите притворени лица, потврди директорот на затворот Есад Рахиќ, за „А1 он“. Јовановски поради безбедноста проценка е во хашкото одделние и е со уште еден притвореник.

Рахиќ потврди дека од синоќа за осомничениот Јовановски биле спроведени потребните процедури и бил прегледан од домскиот лекар. Рахиќ информира дека му биле дадени насоки за прва помош, биле спроведени сите потребни процедури за проценка и бил информиран за процедурите во истражиот затвор. Немало никакви проблеми ниту при спроведувањето на осомничените, ниту при сместувањето во затворот.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека ги гони двајцата осомничени затоа што рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага од обвинителство. Рекетот се одвивал на тој начин што првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари за да му биде запрена истрагата.

Би можело да ве интересира

Новата адвокатка на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, ќе прави увид во доказите на Обвинителството

Васко Маглешов

Кaтанец на вратата на „1 ТВ“

А1он

1ТВ престана да емитува програма

А1он

Извештајот за разрешувањето на Јанева ќе остане тајна

Васко Маглешов

УЈП во лов на фирмите поврзани со „Рекет“, контроли на фирми во Струга и во Битола

Маја Илиевска-Пачемска

Со ознака „доверливо“ извештајот за Катица Јанева нема да го види јавноста

А1он