А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бојан Јовановски останува во притвор, жалбата му е одбиена

by А1он03/03/2020 - 18:0703/03/2020 - 18:091128
Share0

Бојан Јовановски – Боки 13, останува во истражниот затвор во Шуто Оризари. Апелацискиот суд му ја одби жалбата, по јавната седница што се одржа во петокот, на која тој понуди имот од над 140 илјади евра за да излезе од притвор.

Следете a1on на Instagram Instagram

Јовановски долго време се жали на неговата здравствена состојба, тврди дека му се потребни посебни хигиенско – диететски услови поради проблемите со желудникот, кои ги нема во затворски услови. Но, овие образложенија не се прифаќаат ниту од Кривичниот, ниту од Апелацискиот суд.

Тој е во притвор за случајот „Рекет“ од јули минатата година.

На јавната седница во Апелацискиот суд во петокот тој како гаранција ја понуди куќата во вредност од околу 102 илјади евра и деловен простор во вредност од околу 40 илјади. Дел од куќата е на негов прв братучед и локал на неговата мајка.

Следете a1on на Youtube YouTube

Одбраната бара неговата жалба да се уважи и Јовановски да се брани од слобода, да му биде одреден куќен притвор или други мерки на претпазливост.

Тој пред апелациските судии уште еднаш повтори дека бил уценуван да посочи дека се виновни Катица Јанева и Фросина Ременски, за да излезе од притвор.

Во меѓувреме, продолжува судењето за случајот „Рекет“ – од утре до петок секој ден се закажани рочишта каде како сведоци треба да се појават повеќе лица предложени од одбраната на Бојан Јовановски.

apelacionen sudboki 13pritvorsutka

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Горан Наумовски04/11/2026 - 18:29

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он03/11/2026 - 17:21

Апелација го ослободи Бојан Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“

Горан Наумовски03/11/2026 - 14:4703/11/2026 - 14:59

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:35

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски01/11/2026 - 20:4401/11/2026 - 20:45

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Горан Наумовски01/11/2026 - 16:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео