Богоевски не планирал во овој период да земе членска книшка од СДСМ

Од:

Граѓанскиот активист Павле Богоевски, кој од неделата се најде на кандидатските листи на опозициската СДСМ за предвремените парламентарни избори во декември, вели дека не планира во следниот период да се зачлени во оваа партија.

„Сметам дека заслугата за таа позиција треба допрва да се одработи и никој не може да се смета за заслужен пред да го реализира тоа што го ветува. Што се однесува до членската книшка, немам намера во овој период или набрзо да извадам членска книшка од СДСМ“, рече Богоесвки, во понеделник од скопско Стајковци.

Тој вели дека со оваа одлука за ваков настап не мисли дека се оштетени граѓанските организации.

„Напротив, мислам дека добиваат можност да имаат свој глас на начин којшто никогаш го немале претходно и борбата продолжува само во нова форма“, рече Богоевски.

На новинарско прашање, зошто токму на листите на СДСМ, тој вели затоа што верува во таа политичка опција и бидејќи таа политичка партија одлучи да оди со најширока можна коалиција во однос на другите партии „коишто настапуваат надвор од режимот“.

Одговарајќи на прашањето дали со ова не смета дека се потврдиле теориите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека „Шарената револуција“ била по дикатат на СДСМ; тој вели дека со тоа ништо не е потврдено, а причина за тоа гледа во шаренилото и во несогласувањата од кои дел веќе излегоа меѓу припадници на граѓанскиот сектор и политичките партии, а дел очекува да следат во тешкиот период којшто претстои.

„Не станува збор за диктат, станува збор за активна соработка. Јас очекувам и од другите непартиски граѓани коишто ќе се најдат на избирачките листи да работиме по сопствено уверување, а не по диктат на ниту една политичка опција. Токму тоа е поентата, ние се боревме против таквото работење по диктат на доминантниот центар на моќ без разлика дали е политички, партиски или каков и да е, тоа да престане“, рече Богоевски од Стајковци, од каде алармираше дека по три месеца од поплавите во скопско, доведувањето на објектите во пристојна состојба за живот оди тешко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Богоевски не сака да зборува за скандалот со дрогата, се фокусира на безбедносните реформи

Татјана Ташкова

Судијата Рустеми во пресудата за тужбата: Ахмети и Џафери се врвни политичари и угледни луѓе

Ана Ололовска

Богоевски ги наклеветил Ахмети и Џафери – по вторпат пресуди судијата Рустеми

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

(ВИДЕО) Богоевски до опозицијата: Престанете да се однесувате како партија каде на чело е Груевски

Наум Локоски

Богоевски: Мандатно-имунитетната комисија која ја побара Димовски не може да се одржи

Наум Локоски