Богоевски ги наклеветил Ахмети и Џафери – по вторпат пресуди судијата Рустеми

Од:

На 26 септември лани, Граѓанскиот суд во Скопје, повторно, по вторпат, ги уважи тужбите на лидерот на ДУИ Али Ахмети, и ексвицепремиерот Муса Џафери за сведочењето на ексразузнавачот Слободан Богоевски во врска со случајот „Маѓар телеком“, отако скопска Апелација во 2018 година го врати предметот на повторно одлучување, дознава „А1он“.

„На ден 11.09.2018 година е одржано рочиште за главна расправа, по што на 26.09.2018 година е донесена пресуда. Против донесената пресуда е изјавена жалба на ден 29.10.2018 година“, потврдија од судот „А1он“.

Предметот по вторпат го судеше судијата Нухи Рустеми. Апелационите судии лани утврдија дека првостепениот суд сторил серија повреди на постапката. Констатирале дека фактичката состојба со која е донесена пресудата е нецелосна и дека тужбата на Ахмети и Џафери е нејасна.

Јавноста е запозната дека наместо судијката Јованка Спировска Панева, која според распределбата на АКМИС-от, требаше да го суди предметот, судењето падна во рацете на Нухи Рустеми. Според тврдењето на Богоевски судијката која требало да суди им дала насоки на тужителите да достават дополнителни докази, бидејќи во спротивно ќе им ја отфрли тужбата, па потоа била сменета.

Американската Комисија за хартии од вредност го отвори за јавноста исказот на Слободан Богоевски даден во постапката што се водеше против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи, пред судот во Њујорк.

Во него, Богоевски, меѓу другото, тврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар телеком“ од по 2,5 милиона евра. Ахмети и Џафери тужеа поради ваквото тврдење и бараа отштета од 90 илјади евра, но се откажаа од надоместокот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ