Богоев: СДСМ инвестира во рамномерниот развој и се грижи за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е симбол за неработење

Од:

СДСМ како централна и како локална власт инвестира во проекти важни за локалниот економски раст и во мерки што значат поддршка на граѓаните во време на криза, порача потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Старо Нагоричане.

– Овде во општина Старо Нагоричане СДСМ за овие години има инвестирано во 20 километри патна инфраструктура, се инвестираше и во водоводи преку програмата ТАВ и добро е што оваа општина и денес продолжува да се развива. Особено значајно е што општина Старо Нагоричане е дел од стратешката инвестиција во енергетиката ветерната електрана „Вирови“ која освен што ќе донесе енергетска независност ќе обебзеди и нови вработувања и повеќе средства во буџетот на општината. Сето тоа е благодарение на посветеноста на СДСМ да инвестира во секое населено место во државата, порача Богоев.

Тој истакна дека градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска е пример за тоа како треба да се работи одговорно, отчетно и посветено за граѓаните, додавајќи дека за разлика од неа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработење.

– Гледајте што се случува во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ по само една измината година. Општините тонат во безидејност, нема нови проекти, јавните претпријатија се пред колапс, а граѓаните во време на криза, плаќаат повисоки комунални услуги. Тоа е сосема различно од одговорниот, чесен и домаќински пристап на градоначалничката Јовановска од која другите градоначалници, а особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, можат да учат, порача Богоев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни