Богоев: Карпош е општина киднапирана од лажни ветувања и урбана мафија

Од:

Кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ Стефан Богоев, истакна дека Карпош веќе неколку години е „општина киднапирана од лажни ветувања и од урбаната мафија“.

– Ни ги одземаа парковите не загушија во отровен воздух, ни го одземаа маалскиот живот. На сево ова ќе им возвратиме со контра удар и тоа силен и неприкосновен. Ќе им возвратиме со целосен попис на зеленилото и негова заштита, со многу маалски зелени скверови и пракчиња, ќе возвратиме со огромен модерен зелен и убав парк по должината реката Вардар кај Карпош 4 кој ќе обезбеди здрав живот, чист воздух и маалска дружба за идните генерации, рече Богоев.

Тој истакна дека училишните дворови ќе ги претвори во зони за рекреација и фитнес, а ќе ја обнови и салата Партизан, како и турнирот Сокол по кој Карпош еден некогаш се паметел.

Најави и изградба на три нови реонски базени на територија на општина Карпош, како и бесплатни домашни лекарски прегледи за повозрасни граѓани, пензионерски клубови, додека во Злокуќани на кејот на Вардар, како што рече, ќе се изгради и ултра модерен дом за возрасни лица, како и центар за рекреација на постарите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски