Богоев: Ерата на Груевски и Мијалков заврши!

Од:

58 проценти младинска невработеност според Државниот завод за статистика, не опозициски, не соросов Завод за статистика. И преку 75 проценти млади кои замислете велат дека после 10 години не се гледаат тука, рече во своето обраќање Стефан Богоев, претседател на СДММ, на дискусија „Младинска невработеност”.

Значи се гледам било каде, не се гледам тука. Тоа се луѓе, тоа се ¾ од младата популација во Македонија, која замислете се гледа било каде само не тука. Значи ако добие услови за вработување во Танзанија, најверојатно во Танзанија ќе отиде, во Македонија не сака да остане.

Токму затоа мислам дека воопшто не треба да се дискутира за она што се вели мерки за вработување, самовработување, било што предложено од оваа влада.

Впрочем воопшто не би дискутирал за било што направено од оваа влада, затоа што оваа влада е минато. Со оваа влада е завршено. Ерата на Никола Груевски, на сите министри, на Сашо Мијалков е завршена. Мислам дека сите сме свесни на тоа. Прашање е на денови или месеци кога официјално ќе заврши. И мислам дека ние, младите политичари, заедно со студентите, средношколците, заедно со професорите, бизнисмените и работодавачите, експертите, треба единствено во наредниот период да се насочиме како после Никола Груевски. Како да никне трева зелена таму кадешто Никола Груевски и Сашо Мијалков оставија пустош.

Ние, во нашата програма сметам дека имаме одлична подлога во поглед со справување на младинската невработеност и би мило задоволство, и на сите нас во СДСМ, доколку сите заедно седнеме на маса и без никакви предрасуди дискутираме на оваа тема. Не што било пред Никола Груевски, туку што ќе биде после Никола Груевски. А тоа време допрва доаѓа.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ